Околу 2.000 до 2.500 граѓани се очекува да видат полза од проектот „Kупи куќа, купи стан“ кој влезе во финалната фаза. Од 25 јануари 2012 година заинтересираните граѓани ќе може да поднесуваат барања за кредит до осумте банки што вчера ставија потпис на договорите со Министерството за финансии, кое ќе ги субвенционира станбените кредити од овој владин проект. Станува збор за Стопанска банка - Скопје, НЛБ Тутунска банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, Прокредит банка, Алфа банка, ТТK банка и Стопанска банка – Битола, кои се јавија на повикот за учество во проектот „Kупи куќа, купи стан“. Првите кредити се очекува да бидат одобрени во април, откако барателите ќе го минат банкарскиот филтер, но и конечното одобрение во Министерството за финансии. За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, станува збор за суштински проект што ќе придонесе илјадници граѓани да ја почувствуваат топлината на сопствениот дом.
Околу 2.000 до 2.500 граѓани се очекува да видат полза од проектот „Kупи куќа, купи стан“ кој влезе во финалната фаза.
Од 25 јануари 2012 година заинтересираните граѓани ќе може да поднесуваат барања за кредит до осумте банки што вчера ставија потпис на договорите со Министерството за финансии, кое ќе ги субвенционира станбените кредити од овој владин проект. Станува збор за Стопанска банка - Скопје, НЛБ Тутунска банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, Прокредит банка, Алфа банка, ТТK банка и Стопанска банка – Битола, кои се јавија на повикот за учество во проектот „Kупи куќа, купи стан“. Првите кредити се очекува да бидат одобрени во април, откако барателите ќе го минат банкарскиот филтер, но и конечното одобрение во Министерството за финансии.
За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, станува збор за суштински проект што ќе придонесе илјадници граѓани да ја почувствуваат топлината на сопствениот дом.
- Немањето сопствен дом е еден од најголемите проблеми за илјадници граѓани, особено за младите брачни парови – рече Ставрески, додавајќи дека очекува проектот позитивно да влијае и врз градежништвото и да се зголеми заинтересираноста на инвеститорите за изградба на нови станбени објекти, што ќе придонесе да се обезбеди работа за градежниците, но и да се поттикне целата економија.
Банкарите очекуваат проектот „Kупи куќа, купи стан“ да им донесе нови клиенти, кои досега не можеа да аплицираат за станбени кредити, бидејќи не ги исполнуваа строгите банкарски критериуми.
- И покрај тоа што овој проект не е профитабилен како другите банкарски производи, ние го прифативме имајќи ја предвид општествената одговорност и сигурноста на наплатата на средствата – изјави директорот на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчовски, говорејќи од името на банките-потписници на договорот. Според него, доколку се оствари очекувањето дека ќе се одобрат околу 2.500 кредити, тоа би можело да придонесе да се надминат барем во еден дел негативните ефекти од очекуваната рецесија во наредната година, особено ако се има предвид дека градежништвото е еден од двигателите на економијата.
Банкарите исто така потенцираа дека станбените кредити се едни од најсигурните пласмани. Така, во Стопанска банка – Скопје, како што објасни директорот Глигор Бишев, нефункционалните станбени кредити се 1,6 отсто, а кај кредитите што ќе бидат одобрени во рамките на проектот „Kупи куќа, купи стан“ тој очекува стапката да биде под 0,5 отсто.
- Тоа е рациото дека овој проект е исплатлив – рече Бишев.
Инаку, банкарите велат дека владиниот проект нема да влијае врз намалување на каматите на другите кредити што ги одобруваат.
„Пола-пола рата“
Владата бесповратно ќе обезбеди половина од месечната рата од кредитот во првите 5 години.
Kаматата во првите три години не смее да биде повисока од 4,99 отсто, а во четвртата и петтата година 5,5 отсто.
„Пола учество“
Државата ќе плати 50 отсто од учеството за кредит за изградба на куќа или за купување стан.
Субвенцијата се враќа по истекот на 20 години од одобрение на кредитот, без камата, на 5 годишни рати.
Заеднички услови:
Kредитот да не биде поголем од 50 илјади евра
Рок на отплата – 20 години
Да немаат приходи над 900 евра месечно
Вредноста на станбениот квадрат да е под 900 евра